| |

Е-услуги (пријави проблем)

Е-услуги (пријави проблем) Новиот начин на живот ни наметнува и нови потреби. Со воведувањето на електронските услуги од страна на институциите се олеснува пристапот, се скратува времето за доставување на документот, се избегнува одењето по шалтери, во секој случај целата процедурата е многу побрза и за граѓаните, а секако се олеснува и работата на вработените во институцијата.

 Кога ги започнавме истражувањата пред две години од страна на „Е-центатот за едукација и употреба на е-услуги“, само 1 – 2 од пријавите од страна на населението беа испратени по електронски пат преку платформата пријави проблем.

На страната https://www.prilep.gov.mk/prijaviproblem/ може електронски да се пријави проблем: Дупка на патот, депонија, шахта….

Новата платформа за Услугата Пријави пробелем беше поставена кон крајот на 2021 година и од тогаш населението на територијата на град Прилеп и руралните средини може да пријави проблеми и по електронски пат. Овај пат ги следевме пријавите во делот осветлуване и поставување на нова светилка. Во текот на денот вработениете добиваат по 10 пријави од страна на граѓани, од кои 5-6 пријави се добиени електронски а 4-5 се во хартиена форма – пријави кои се добиваат дирекно во просториите на општината и истите се од повозрасни жители над 65 години. Се повеќе и жители од руралните средини ги користат електронските пријави, 1-2 од електронските пријавит се од страна на жителите од руралните средини. Со овај начин на пријавување жителите можат да заштедат време и средства за патување.

Слободно ваквите податоци можеме да ги поврземе со растот на граѓанската свесност и потреба за „ е-услуги и отворени податоци“, па општините веќе почнаа да делуваат во тој правец, но на руралните општини им е потребна помош од урбаните, иако не можеме да кажеме дека не се трудат. Како и да е, многу време треба да создадеме тренд, но кога ќе се создаде – нема назад. Значи: трендот е тука и секогаш е поврзан со рејтингот.

 

Слични Објави