Ресен ги испрати матурантите на генерацијата 2021–2025 – „Најдобар од најдобрите“ за Гјоргија Јовановски
Вчера вечерта, во дворот на Сарајот во Ресен, се одржа традиционалната свечена манифестација „Најдобар од најдобрите“, на која беа доделени дипломите на матурантите од СОУ „Цар Самоил“. Настанот помина во свечена атмосфера, во присуство на ученици, професори, родители и бројни гости.
Посебно внимание привлече доделувањето на највисокото признание „Најдобар од најдобрите“, кое годинава го доби Гјоргија Јовановски – најдобар матурант на генерацијата. Тој се истакна со одличен успех, активност и ангажман за време на своето средношколско образование, а наградата беше симбол на неговата исклучителност и посветеност.
Од Општина Ресен порачаа дека секогаш ќе бидат посветени на поддршката на младите и нивниот образовен напредок, нагласувајќи дека ваквите успеси се пример за идните генерации.
Честитки за постигнатото им беа упатени на сите матуранти од генерацијата 2021–2025.



