(видео) Од 0 до Култура 2025 – No Cigarettes tribute to Divlje Jagode
Синоќа прилепската публика уживаше во вистинска рок носталгија – бендот No Cigarettes ја донесе енергијата на легендарните Divlje Jagode со специјален трибут-концерт. Настапот беше дел од проектот „Од 0 до Култура“, и тоа како претпоследен концерт во летната програма за оваа сезона.
На сцената се испреплетеа класични хард рок рифови и младешка бунтовност, а атмосферата беше дополнително зачинета со присуството на неколку моторџии, кои на крајот на концертот и се приклучија при изведбата на легендарната „Мотор“, а со тоа додадоја доза адреналин за љубителите на добрата рок музика.
Бендот, кој е формиран во 2020 година, веќе го промовираше своето првенче „Безнадежна“, а моментално активно работи на нова авторска песна која, според најавите, ќе го продолжи нивниот автентичен звук – мешавина од класичен рок и модерна продукција.
Проектот „Од 0 до Култура“ своето трето издание ќе го заокружи со уште еден концерт, оставајќи зад себе топли вечери исполнети со музика, дружба кои ќе се паметат.



