Иселеникот се врати – имотот зафатен, институциите молчат
По децении минати во странство, иселеник решава да се врати во родниот крај и да го обнови семејниот имот наследен од татко. Но, наместо да најде спомени, го пречека непланирана надградба: неговиот имот, со тапија и сите документи, бил веќе „осовременет“ со објекти од страна на соседот – локално познат како „Трпе Мафија“.
Шокираниот сопственик веднаш се упатил во полиција, каде пријавил узурпација. Но, наместо правна постапка, добил разбирање и „совет за трпение“. Следна станица – општината и лична средба со градоначалничката, од која очекувал институционална реакција.
По откривањето дека станува збор за лице со влијание и добро вмрежени локални релации, институциите се повлекле – тивко и без трага. Имотот останува зафатен, а правдата повторно на одмор – веројатно со повратен билет.
Колку се моќни институциите – зависи кого прашувате.
Во случаите каде што еден обичен граѓанин се соочува со „локални шерифи“, општините покажуваат неверојатна флексибилност – не во решавањето, туку во избегнувањето на проблемот.
Градежниот инспекторат обично „не е надлежен“, а полицијата не може ништо „без налог од суд“, кој пак „чека извештај од општина“. Така се врти кругот – додека објектот расте, а правдата стивнува.
„Во Македонија тапијата важи – додека не налеташ на нечиј чевел поголем од законот“. Случај од граѓанин преточен во хумористичен скечет на Зевзекманија.