ВТОР ФОРУМ ПЕЛАГОНИЈА – ПРЕСПА: ЗЕМЈОДЕЛИЕ И ХРАНА
Денес од 13;00 до 17:00 часот, во Винарија Лозар-Битола, ќе се одржи вториот Форум Пелагонија-Преспа на тема „Земјоделие и Храна” од пелагониско-преспанскиот регион. На иницијатива на Регионалните комори со седиште во Битола и во Прилеп.
На Форумот ќе се дискутира за инцијативата да се обединат и заеднички да дејствуваат клучните регионални и национални чинители во процесот на добивање, процесирање и испорака на брендирана храна со географско потекло од Пелагонија-Преспа регионот како носечки регион во државата во производството на храна. Иницијативата е продолжување на намерата на веќе изготвената и усвоена Регионална стратегија за транзиција на Пелагонискиот плански регон кон зелена економија и отпочнатиот процес
во оквир на Форумот Пелагонија-Преспа.
На настанот се поканети Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски и Заменик министерот за економија и труд, Маријан Ристески.
Панел дискутанти: Проф. д-р Цветко Смилевски – БАС Битола, Проф. д-р Гордана Димитровска – УКЛО Биотехнички факултет Битола, м-р Билјана Петровиќ, Борче Ангелков – Македонско научно друштво Битола, Клаудија Лутовска – ИПАРД консултант