Општина Прилеп предновогодишно – НОВОГОДИШЕН БАЗАР кај ГРАДСКИОТ СААТ
Посетете го новогодишниот базар на платото кај Градскиот саат кој трае од 28 до 30 декември. Уживајте во забавата и храната, во организација на Slow Food Prilep.
Како дел од програматата се и новогодишните пакетчиња за најмладите заедно со Дедо Мраз!
Поракатата од градоначалнкот Борче Јовчески „Подаруваме новогодишни пакетчиња заедно со Дедо Мраз!
Почитувани мои сограѓани, драги дечиња, родители, баби и дедовци ве поканувам во сабота 30.12.2023 со почеток од 11:00 часот на платото околу градскиот саат, заедно во една пријатна атмосфера во рамките на Новогодишниот базар.
Заедно со општествено одговорната компанија КАМ, кловнот Лили и Дедо Мраз, ќе доделиме новогодишни пакетчиња за сите дечиња и сигурен сум дека во една магична, новогодишна атмосфера ќе измамиме насмевки кај нашите најмили!
Оваа година за новогодишната ноќ, за дочекот на новата 2024 година ќе имаме огномет во центарот на градот а додека средствата планирани за изведувачи и било каков организиран дочек ќе бидат пренаменети во хуманитарни цели!
Празничните мигови носат светлост во секој дом , хармоничната атмосфера на претстојните празници нека донесе топлина во срцата.
Ви посакувам добро здравје, среќна, просперитетна и бериќетна Нова 2024 година!