| |

Регионални консултативни форуми -Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион ќе ја спроведе првата форумската сесија во четврток 09.11.2023

Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион во рамки на Програмата за рамномерен регионален развој започнува со реализација на циклус на регионални консултативни форуми.

Преку овие форуми ќе се изврши идентификација и приоретизација на клучни теми и проблеми кои го засегаат регионот.

Во рамките на 2-те предвидени форумски сесии ќе се дискутира за проблеми, теми и предлози од кои ќе произлезат нови регионални предлог проекти.

Од изработените предлог проекти форумот ќе приоретизира најрелевантни кои понатаму ќе влезат во конкуренција за реализација од проектниот фонд.

Процесот е поддржан од Министерство за локална самоуправа и Швајцарската Агенција за развој и соработка.

Првата форумската сесија ќе се одржи на 09.11.2023 (четврток) со почеток од 11:00 часот во хотел Милениум Битола.

Слични Објави