| |

ОПШТИНА РЕСЕН ГИ ЗАПОЧНУВА ЈАВНИТЕ ДЕБАТИ ЗА БУЏЕТОТ 2026

Општина Ресен ги стартува активностите за креирање на буџетот за 2026 година и упатува јавен повик до сите заинтересирани страни – месни заедници, невладини организации, здруженија, правни лица и граѓани – да земат учество во консултативниот процес.



На 18 ноември 2025 година (вторник), со почеток во 18:00 часот, во големата сала на Општина Ресен ќе се одржи првиот консултативен состанок посветен на собирање предлози, идеи и иницијативи што ќе помогнат во определување на општинските приоритети за следната година.

Од Општината посочуваат дека транспарентноста и вклученоста на заедницата се клучни за донесување реален и квалитетен буџет, кој ќе ги одрази вистинските потреби на граѓаните.

„Вашето учество и мислење се од големо значење за планирањето на приоритетите и реализирањето на развојните проекти“, стои во повикот.

Општина Ресен ги охрабрува сите заинтересирани да присуствуваат и активно да се вклучат во креирањето на буџетот за 2026 година.

Слични Објави