| | |

Кој е одговорен за подготовка на општинските буџети

Буџетот за наредната година се припрема цела година. Некои би рекле „се планира“. Постојат многу „финансиски настани“ кои се законски регулирани – со рокови и за нивно спроведување се грижи Министерство за финансии. Тие „настани“ треба да се поставени во календари на буџетски настани, по кои треба да се водат општините и нив да им е полесно а секако и граѓаните да можат да ги следат и да се информираат за настаните.

Во суштина, смисолот на тоа буџетско планирање е во граѓаните, а не во општината или Министерството за финансии. Што ќе им е ним таков календар? Тука е суштината. Општините треба да започнат искрен дијалог со граѓаните, околу буџетот за идната година: Прво да го направат заедно, а потоа и да внимаваат како се трошат тие пари. Ова изгледа далеку од здравиот разум во наша Македонија, но сите законски акти се донесени, инспекторатите се оперативни, службениците се обучени за работа со граѓаните, а имаат и знаење (фала Господе, после толку години) да организираат јавни настани за планирање или мониторинг на буџетот. Па, каде се граѓаните, тогаш? Тука е еден од главните трикови на сите власти: Ако не ги притискаш властите, тие ќе организираат јавна средба реда – ради, колку да речат, „еве, го задоволивме законот“. Да сакаат вистински дијалог и учество на граѓани, посебно оние стручните, тие ќе започнеа процес на едукација на граѓаните, како да планираат буџет и како да го контролираат. Но, ако некој се јави, веруваме дека општините нема да останат глуви на барањата. Верувајте, веќе тоа граѓанско неучество стана камен на сопнување во преговорите со ЕУ. Сега сите ги молат граѓаните да дојдат, сите документи им се достапни и објавени, повици има, но ГРАЃАНИ НЕМА! Жалам, тоа е цената на долготрајната манипулација со граѓаните. Општините ќе мора да го учат занаетот да ги вратат граѓаните на дебатите, како некогаш, а граѓаните мораат да учат да ги контролираат властите кога трошат и кога го планираат трошењето. Ако некој сака, доволно е само да ги посети тие „финансиски настани„ организирани од општината и 100% сме сигурни дека секое прашање ќе биде одговорено, секое барање внесено во документи и секој предлог заеднички разгледан. Ова не е пропаганда – ова е вистина. Властите МОРА да ги притискаме со нашето присуство. РАЗМИСЛЕТЕ ЗА ТОА

Слични Објави