ПРОЕКТ ОД МИЛИОН ЕВРА ЗА ОПШТИНА ДОЛНЕНИ за реконструкција на ОУ “Мирче Ацев“ с.Лажани

МОН го усвои проектот на општина Долнени за рехабилитација/реконструкција на ОУ “Мирче Ацев“ с.Лажани

Министерството за образование и наука на 31.05.2023 потпиша договор со изведувачот за рехабилитација/реконструкција на повеќе основни училишта низ државата, меѓу кои и за ОУ “Мирче Ацев“ с.Лажани.

Според потпишаниот договор, за ОУ “Мирче Ацев“ с.Лажани се предвидени вкупно 57.910.704.02 денари, и тоа за реконструкција на фасада, санитарии, санација на кров, изведба на термоизолација на кров и пристапни рампи за лица со посебни потреби.

Времетраењето на договорот е 7 месеци од денот на потпишувањето на договорот за рехабилитација/реконструкција, а пак рокот за изведување на работите е 6 месеци, сметано од денот на воведување на работите.

„Би сакале да ја искористиме оваа прилика и да им се заблагодариме на Министерството за образование и наука на чело со г-динот Јетон Шаќири, со надеж дека нашата соработка ќе продолжи и во иднина во реализирање на витални проекти за општина Долнени, а со цел инвестирање во образованието.“ Изјави градоначалникот Урим Ибески.

Слични Објави