Поставени повеќе корпи за отпад на гробиштата во Прилеп – апел за совесно користење

ЈКП „Комуналец“ – Прилеп информира дека на Старите и Новите градски гробишта се поставени дополнителен број нови корпи за отпадоци, со цел подобрување на хигиената и уредувањето на просторот.

Сепак, од ЈКП „Комуналец“ апелираат до граѓаните:
новопоставените корпи да се користат исклучиво за поситен отпад, додека за поголеми количини отпад и расчистување околу гробните места да се користат контејнерите поставени на повеќе локации на Новите градски гробишта.

„Само со заедничка грижа и одговорно однесување можеме да обезбедиме чиста, уредна и достоинствена средина“, порачуваат од претпријатието.

Во иминативе денови била спроведена акција за чистење, по што дел од граѓаните кои ги посетиле гробиштата посочуваат дека состојбата е значително подобрена и просторот е видливо почист.

Надлежните упатуваат апел до сите посетители да ја почитуваат поставената инфраструктура и да придонесат за одржување на редот и хигиената на гробиштата.

Слични Објави