8 Април – Меѓународен ден на ромите
Меѓународен ден на Ромите – ден на прослава на ромската култура и подигање на свеста за проблемите со кои се соочуваат Ромите. Денот службено бил прогласен во 1990 година во Сероцк, Полска, местото каде што се одржал четвртиот Светски ромски конгрес на Меѓународната ромска унија во спомен на првата поголема меѓународна средба на ромските претставници кој бил одржан во Чесфилд крај Лондон од 7 до 12 април 1971 година. На тој конгрес била донесена одлука за ромската химна за која била избрана песната Ѓелем, ѓелем (ромски): „Одев, одев“) и одлука за знамето за кое била одбрана сино-зелена двобојка со црвена точка во средината, симбол на напредокот и движењето, но и миграција на Ромите во текот на историјата
Како една од најраспространетите етнички групи во светот, со население од над 12 милиони кои живеат во различни земји, Ромите имаат богато културно наследство, вклучувајќи традиционална музика, танц и раскажување приказни, како и уникатен јазик, ромски. Но, и покрај нивното културно богатство, Ромите долго време се соочуваат со дискриминација и прогон, вклучувајќи присилна асимилација, присилна миграција и геноцид. Во многу земји тие се маргинализирани и се соочуваат со сиромаштија, невработеност и недостиг на пристап до образование и здравствена заштита, а често се и предмет на расистичко насилство, говор на омраза и дискриминација во домувањето, вработувањето и други области од животот.
Извор: Википедија