МОБИЛИЗАЦИЈА ЗА ПОМОШ НА НАСТРАДАНИТЕ ВО ПОЖАРИТЕ ВО ИСТОЧНА МАКЕДОНИЈА
Македонските граѓани се мобилизираат за да им помогнат на настраданите во пожарите во источна Македонија, со донации на хуманитарен пункт кој беше отворен денеска. Во седиштето на Конфедерација на Синдикалните организации на Македонија се донира облека, средства за одржување и хигиена, обувки, душеци, постелнина.
Акцијата здружено ја водат „Хуманитарни акции.мк“, Конфедерација на Синдикалните организации на Македонија (КСОМ) и Интернационална Полициска Организација (ИПО).
„Сакаме да помогнеме на цела Источна Македонија, но прво во Свети Николе, бидејќи во овој момент таму се најзагрозени. Има и изгорени куќи, секако дека на тие луѓе треба да им се помогне“, вели Лазо Костовски, претседател на независен синдикат на Геријатрија.
Планот е донациите да се однесат во триесетина села и да помогнат на околу 400 домаќинства. Во моментов, има потешкотии со превозот. Користат сопствени возила за да се снајдат, но потребен е поголем капацитет.