ЧУЈТЕ И ПОЧУЈТЕ !!! САМО НА 13 ЈУЛИ ПИВО ЗА 50 ДЕНАРИ !!!
По повод роденденот на Прилепска пиварница, на 13 Јули во центарот на Прилеп ќе се одржи музички настан на кој главна ѕвезда ќе биди српската поп пејачка Марија Шерифовиќ.
На пресконфернцијата која директорот на пиварницата Сашо Самарџиоски ја одржа заедно со градоначачникот Борче Јовчески, изјави дека изборот на програмата е направен од пиварницата и дека тоа е роденденски настан на компанија и присуството не е задолжително, како одговор на критиките, зошто за тој настан се ангажира изведувач од странство.
Покрај Шерифовиќ ќе настапат и добро познатите ДНК и Тропико Бенд.
Интересно е тоа што цел ден 13 Јули, прилепските пивски брендови Крали Марко и Златен Даб ќе се продаваат по цена од 50 денари во цел Прилеп.