Треба ли да падне покривот, за да се дознае кој е надлежен?(видео)
Лимен дел од покривот на Медицински Центар (Уред) “Борка Талески” – Прилеп, на крилото од страна – детско одделение или делот за вакцини, веќе подолг временски период е скоро откронат и на секој поголем ветар е потенцијална опасност за секој кој минува покрај уредот.
Пријавувано од граѓани во неколку наврати во изминативе неколку месеци и но никој не превзема ништо.
Деновиве со засилениот ветар, само поради „Божјата милост“ не е откачен, но во случај ако молитвите не стигнат навремено, тогаш се чека да видиме како ќе оди подаванката на “не е наша одговорност, за тоа се одговорни“ Јанко, Петко, Трајко .
Доколку се откачи, материјална штета е најверојатно неизбежна и останува да се надеваме дека нема да има повредени граѓани.