| | |

44-та СЕДНИЦА НА ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР

Општина Демир Хисар објавува Решение за свикување на 44-та седница на Совет на Општина Демир Хисар.Седницата ќе се одржи на ден  28.01.2025 година (вторник ) со почеток во  12 часот  во Салата за состаноци во Домот на пензионери Демир Хисар

-Усвојување на записиник од 43-та седница на Совет на Општина Демир Хисар

За седницата се предложува следниот:

Д Н Е В Е Н  Р Е Д

  1. Усвојување на Годишен Извештај за работа  за  за 2024 година на Полициска станица од општа надлежност Демир Хисар.
  2. Донесување на Одлука за усвојување на Годишен извештај за остварувањето на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер во Општина Демир Хисар за 2024 година.
  3. Усвојување на Годишна Програма за работа и развој на ЈКП „Комуналец“ Демир Хисар за 2025 година.
  4. Усвојување на Годишен извештај за финансиско работење на Јавното претпријатие ДЕХИ ТРАНС Демир Хисар за период од 01.01.2024 до 31.12.2024 година.
  5. Усвојување на Годишен план за работа и развој на ЈП ДЕХИ ТРАНС Демир Хисар за 2025 година.
  6. Донесување на Одлука за давање согласност на Ценовникот на услуги за превоз од страна на  ЈП Дехи Транс Демир Хисар.
  7.  Донесување на Одлуката за давање согласност на одлуката за утврдување на вредноста на бодот за пресметување на платите на вработените во ЈП „ДЕХИ ТРАНС” Демир Хисар.
  8. Усвојување на Извештај за реализација на Програмата за работа на Советот на Општина Демир Хисар за 2024 година.
  9. Донесување Решение за разрешување и именување на претставник од локалната самоуправа -член во Училишен одбор во СОУ „Крсте П. Мисирков“ Демир Хисар.
  10. Предлози и прашања

Ве молиме за задолжително присуство,а евентуално отсуство јавете се на телефоните 047-552-661 и 076-359-831 во Општина Демир Хисар или кај Претседателот на Совет на телефон 077-937-362.

Ова Решение е врз основа на член 39 од Законот за локална самоуправа(,,Сл.весник на Р.М”бр.5/02 и Сл.весник на РСМ бр.202/24 ),член 60 од Статутот на Општина Демир Хисар(„Сл. гласник на Општина Демир Хисар “ бр.3/02, 4/05, 7/09, 16/13, 18/14, 10/19, 7/21 и 21/23 ), како и член 53 од Деловникот за работа на Советот на Општина Демир Хисар („Сл. гласник на Општина Демир Хисар “ бр.3/02).

Линк од решението

Слични Објави