|

„МОЌТА НА НЕВИДЛИВИТЕ ХЕРОИ“ – ПРИКАЗНИ ЗА ХРАБРОСТА, ЉУБОВТА И ЖИВОТОТ СО МУЛТИПЛЕКС СКЛЕРОЗА

Две букви што за некого се само иницијали, за други значат пресвртница во животот. МС – мултиплекс склероза. Дијагноза што носи неизвесност, страв и промена на секојдневието, но и борба во која храброста, прифаќањето и поддршката добиваат ново значење.

Токму зад овие две букви се кријат 17 лични приказни собрани во книгата „Моќта на невидливите херои“ од авторката Сања Поповска. Книга која не зборува само за болеста, туку пред сè за луѓето, нивните стравови, надежи, љубови и малите победи што често остануваат невидливи за околината.

По промоцијата во Битола, книгата ќе биде претставена и пред прилепската публика во сабота, на 14 ноември, со почеток во 18 часот, во Градската библиотека „Борка Талески“.

Настанот се одржува во организација на здружението „Гласно за МС“, кое годинава одбележува пет години постоење и посветеност на поддршката, видливоста и подигнувањето на свеста за мултиплекс склерозата, со голема поддршка на Градската библиотека „Борка Талески“ – Прилеп

„Моќта на невидливите херои“ е покана да се слушнат приказните што често остануваат зад затворени врати, да се разбере животот со невидлива болест и да се потсетиме дека емпатијата и поддршката можат да направат разлика.

Прилепската промоција е закажана за сабота, 14 ноември, во 18 часот, во Градската библиотека „Борка Талески“.

Слични Објави