|

Избегната трагедија на пругата кај сточниот пазар

Денеска, граѓанин се поврза со нашата редакција и пријави дека е избегната трагедија на пругата, кај сточниот пазар во Прилеп. Кога пристигнувал возот, кој сообраќа Скопје-Битола во 13.50, семафорите кои треба да предупредат дека рампата ќе се спушти, не биле во функција, а рампата почнала да се спушта кога лицето кое пријави, веќе ја преминувало пругата. Во паника забрзано ја поминал пругата и за „влакно“ избегнал катастрофа.

Во шок најпрво пробале да пријават во „Македонски железници“ од каде им рекле дека не се надлежни и не знаат кој е надлежен за рампите, а потоа инцидентот го пријавиле во полиција.

Апелираме до сите надлежни веднаш да се ангажираат и да го решат проблемот и да не се чека да се случи трагедија.

Слични Објави