„ОНА ЗА ШТО ЖЕНИТЕ МОЛЧАТ“ – ТРИБИНА ЗА МЕНТАЛНОТО ЗДРАВЈЕ И СЕМЕЈНОТО НАСИЛСТВО ВО КРИВОГАШТАНИ
Во Младинскиот центар „Урбано гнездо“ во Кривогаштани, во петок, 13 ноември, со почеток во 17 часот, ќе се одржи трибината „Она за што жените молчат“.
Настанот има за цел да отвори разговор за теми за кои сè уште ретко се зборува јавно, меѓу кои менталното здравје на жените, семејното насилство, личните притисоци и искуствата со кои многу жени се соочуваат, но често остануваат без соодветна поддршка.
Преку разговор со стручни лица и интерактивна програма, учесниците ќе имаат можност да ги споделат своите размислувања и да отворат прашања поврзани со овие чувствителни теми.
Трибината се организира во периодот кога започнуваат 16-те дена активизам против родово базирано насилство, кампања која потсетува на потребата од отворено говорење, препознавање и спречување на насилството врз жените.
Почетокот е закажан за 17 часот, а организаторите ги повикуваат сите заинтересирани да присуствуваат и да бидат дел од разговорот.


