|

Блерим Ислами ја презеде функцијата градоначалник на Долнени

Новиот градоначалник на Општина Долнени, Блерим Ислами, денес и официјално ја презеде функцијата. На примопредавањето присуствуваа претставници од општинската администрација, советници, како и жители на општината.

Ислами се заблагодари за довербата и истакна дека ќе работи во интерес на сите граѓани, со фокус на транспарентност, инфраструктурни подобрувања и поддршка на младите и земјоделците.

„Ова не е само функција, туку обврска кон луѓето кои живеат овде. Заедно ќе работиме за развој на Долнени и подобар квалитет на живот,“ рече Ислами .

Слични Објави