Покана до жителите од Општина Ресен за учествуво на првата форумска сесија
Општина Ресен во рамките на проектот „Зајакнување на општинските совети – 2 фаза“ кој го реализираат Швајцарската Влада, Министерството за локална самоуправа, Програмата за развој на Обединети нации – УНДП и партнерските општините, почнува со реализација на форуми во заедницата.
Општина Ресен упатува покана до своите жители да учествуваат на првата форумска сесија која ќе се одржи на 16.11.2023 година со почеток од 13:00 часот, во Големата сала во Општинската зграда во Ресен.
Во рамките на предвидените форумски сесии ќе се дискутира за проблеми кои ја засегаат општината и ќе се нудат решенија од кои ќе произлезат проектни идеи/концепти за предлог проекти. Од овие концепти за предлог идеи учесниците на форумот ќе ја изберат најприоритетната, кои ќе се аплицира до проектниот фонд. На последната сесија ќе се даде информација за реализација на избраниот/избраните проект/и и препораки.
На оваа прва форумска сесија учесниците ќе имаат можност да се запознаат со форумскиот процес, да дискутираат за приоритетните проблеми поврзани со избраната област и да предложат приоритетни решенија.
„Вашето присуство и активно учество ќе биде од особено значење и ќе придонесе за успешна реализација на регионалниот форумски процес“, апелираат од општината.
За дневниот ред и агендата, посетете ја официјалната страна од општина Ресен