Нов советник, извештаи од Јавните претпријатија, буџети… – 54. седница на Советот на Општина Прилеп
На 54. седница на Советот на Општина Прилеп, главни точки од дневниот ред беа изборот на нов советник и усвојување на важни развојни програми и извештаи.
Во првата точка, Советот го констатираше престанокот на мандатот на советникот Александар Алексовски, кој ја презеде функцијата генерален директор на Тутунскиот комбинат – Прилеп. На негово место, нов советник од советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ стана Снежана Парапанска.
Предлог- Решението за измена и дополнување на Решението за формирање Комисија за општествени дејности и заштита на правата на децата и разрешување на член од Управниот одбор на ЈП за ПУП, беа едногласно прифатени од советниците. Но, поширока дискусија настана при предлог – планот на развојни програми на Општина Прилеп, за 2025-2027 година. Советниците од опозицијата тврдеа дека програмата не ги исполнува очекувањата на граѓаните, а во дискусијата се вклучи раководителот на секторот за урабнизам при локалната самоуправа, како и градоначалникот на Прилеп, Борче Јовечески, кој наведе дел од проектите важни за развој на градот, но и ги потсети советниците на финасиските тешкотии со кои што Локалната самоуправа се соочи со преземањето на власта и од важноста на враќањето на преземени обврски како затекнат долг од скоро 300 милиони денари од претходната власт, “што го успори развојот на општината низ овие години.“- рече тој.
По неколку паузи и долга дискусија по оваа точка, советниците преминаа и на предлог- одлуката за квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Прилеп, за третиот квартал од 2024 година, која исто така наиде на дискусија кај советниците за начинот на користење и распределба на финансиските средства од Буџетот, за кои што збор зеде и образложи раководителот на секторот финансии при Локалната самоуправа.
Со мнозинство на гласови беше усвоена и предлог-одлука за давање согласност на тримесечниот извештај за финансиското работење на ЈКП ,,Водовод и канализација”- Прилеп, за период од 01.07.2024 година до 30.09.2024 година. А, раководителот на ова јавно претпријатие, одговорајќи на советнички прашања за квалитетот на водата за пиење, посочи дека издашноста на изворот „Студенчица“ е намален и дека бунарската вода која се користи во некои делови од градот, постојано се анализира.
Советниците дадоа согласност на тримесечниот извештај за финансиското работење на ЈП за ПУП -Прилеп, за период од 01.07.2024 година до 30.09.2024 година, согласност на Одлуката за измена и дополнување на Одлуката број 02-432/5 од 11.06.2015 година за корекција на број на возења со електронски возни картички во јавниот градски превоз и согласност на одлука за измена и дополнување на Одлуката број 02-1230/3 од 19.09.2022 година за измена и дополнување на одлуката број 02-432/5 од 11.06.2015 година за корекција на бројот на возења со електронски возни картички во јавниот градски превоз и на одлуката за расходовање и отуѓување на основни средства на ЈП за ПУП Прилеп.
Советниците дадоа согласност и на тримесечниот извештај за финансиското работење на ЈКП ,,Комуналец” Прилеп, за период од 01.07.2024 година до 30.09.2024 година, ги усвоија програмата за инвестиции во ЈКП ,,Комуналец” Прилеп, за 2025 година, предлог-одлука за усвојување на Програма за управување со отпад на територијата на Општина Прилеп, за 2025 година, Програмата за одржување на јавна чистота на територијата на Општина Прилеп, за 2025 година, програма за одржување и користење на паркови, зеленило, парк-шуми и рекреативни површини и Програмата за подигање и одржување на зеленило, за 2025 година, програма за работа и одржување на градските гробишта и капела, за 2025 година, како и програма за работа на прифатилиште за бездомни кучиња, за 2025 година.
После повеќе од шестчасовна работа советниците на денешната седница го усвоија и: тримесечниот извештај за финансиското работење на ЈОУ Дом за стари лица ,,Киро Крстески-Платник’’-Прилеп, за период од 01.07.2024 година до 30.09.2024 година, дадоа согласност на годишниот план за измена и дополнување на годишниот план за вработување за 2024 година на ООУ ,,Кире Гаврилоски-Јане’’-Прилеп, согласност за програмата за изведување на научно наставни-екскурзии во учебната 2024/2025 година на ООУ ,,Климент Охридски’’ -Прилеп, за III (трето),V (петто), VI (шесто) и IX (деветто) одделение и согласност на програмата за изведување на научно наставни – екскурзии во учебната 2024/2025 година на ООУ ,,Добре Јованоски’’-Прилеп, за III (трето),V (петто), VI (шесто) и IX (деветто) одделение.
Со овие одлуки, Советот на Општина Прилеп продолжува со реализација на плановите за развој на локалната заедница, со акцент на подобрување на инфраструктурата и јавните услуги.