Го слушаме гласот на граѓаните, планираме и реализираме
Последниот квартал од годината општините вообичаено го користат за добивање предлози од граѓаните при креирањето на буџетот за следната година, кој е еден од принципите за транспарентност и отчетност на општините.
Граѓаните имаат право да знаат како се инвестираат буџетските средства и кои се идните проекти, за кои е подготвена проектна документација, кои услуги ќе се дигитализираат во наредниот период.
Според последното истражувањето на ЗМАИ за Индексот на отворени општини , Општина Битола е најтранспарентна општина со – 77.8 поени. За да се биде прв на индексите за транспарентност и отчетност треба континуирана работа и соработка како со администрацијата, граѓаните така и со сите чинители.
Во таа насока е организирана и последната средба на градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски со неговите соработници на која е разговарано за следното за навремено исполнување на зацртаните цели.
– 12 стратешки документи кои се изготвени или во завршна фаза
– 40 улици или 90 краци или над 20км патна инфраструктура, завршена и во тек на реализација
– 53 нови проекти со изготвена проектна документација
– Уредени 2 паркинг простори и 6 детски паркови
– Изградба на Нов парк и поддршка за Авантуристички парк и Планинарски дом „Копанки“
– Продолжената изградба на нова детска градинка и адаптацијата на просторот за детска градинка во Домот за доенчиња и мали деца
– Поддршката на учениците, професионалниот спорт, социјалната заштита, младите, културните настани и уште многу други проекти на кои континуирано работиме.
„Посебен акцент ставив на проектите кои ги ветив и на чија реализација посветено работиме:
– Изградба на нова противпожарна зграда – за што имаме изготвена проектна документација
– Дигитализација на општинските услуги преку воспоставување на „Интегриран систем за управување со документи и ГИС систем“
– Воведување можност за електронско плаќање на данок на имот
– Динамика на дозавршување на инфраструктурните активности на улиците каде градежните работи се во тек
– Буџетските форуми и предлозите од граѓаните за новиот буџет за 2024 година, од областа на инфраструктурата, културата, спортот, социјалната заштита…
На моја голема радост, можам да резимирам дека, Општина Битола, благодарение на експедитивноста на општинската администрација, подготвена е со проектна документација за следните четири години.
Го слушаме гласот на граѓаните, планираме и реализираме.“ напиша градоначалникот Коњановски во својата изјава.