Честит и вековит Денот на народното востание 11 Октомври
Денес го чествуваме почетокот на антифашистичкото востание и на Народноослободителната борба кога 1941-та нашите херои од НОБ ја избраа вистинската страна, страната на слободата и се изборија за слободарскиот идеал и мир.
Прилеп, нашиот град херој и луѓето во него, пред 83 години тргнале храбро да се борат против фашистичкото зло и со нападот на витални објекти во Прилеп, го означиле почетокот на народното востание на Република Македонија, за слобода од бугарскиот окупатор – херојски подвиг кој заслужува огромна почит и за што денеска се поклонуваме.
Денес стоејќи пред спомен обележјата во нивна чест, каде се бистите и на народните прилепски херои, се потсетуваме на победоносното востание кое тие го извојувале за создавање македонска самостојна и независна држава и на аманетот кој ни го оставиле, да ја чуваме, сакаме и да ја браниме од секакво зло со верата и силата на нашиот дух.
Честит 11 Октомври Македонци!
11 Октомври е симбол за борбата на нашиот народ за слобода, еднаквост и сопствена држава.