|

Подобрени услови за учениците во с. Мажучиште

Локалната самоуправа на општина Прилеп продолжува со реализирање на проекти за подобрување на условите во образовните институции. Овојпат, инвестиции се реализирани во Подрачното училиште на ООУ „Климент Охридски“ во с. Мажучиште, каде што завршија големи инфраструктурни подобрувања.

Со цел обезбедување на поквалитетна средина за учење, во училиштето се поставени нови подови, заменета е старата дограма и е изградена нова спортска сала. Овие промени значително ги подобруваат условите за едукација, спорт и рекреација на учениците.

„Децата се нашата иднина, и секој вложен денар во нивното образование е инвестиција во подобро утре. Заедно со директорот на училиштето го посетивме ова подрачно училиште и учениците кои се инспирација за нашата посветеност и работа.
Локалната самоуправа ќе продолжи да ги поддржува сите основни и средни училишта во општината. Заедно ќе изградиме силна и успешна млада генерација која ќе биде пример и гордост за Прилеп. “ изјави градоначалникот Борче Јовчески.

Слични Објави