|

ПЕЛИСТЕР ДО ПОБЕДА ВО НЕИЗВЕСЕН ФИНИШ

Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер славеше голема победа во „мечот на неделата“ според ЕХФ, совладувајќи го унгарскиот ПИК Сегед со минимални 25-24 во Битола.



По возбудлив и неизвесен натпревар, битолчани успеаја да стигнат до својата втора победа во Лигата на шампионите, по онаа против Загреб — повторно пред својата публика во салата „Боро Чурлевски“.

Овој триумф е силен мотив за пелистерци да продолжат со борбените настапи во елитното европско друштво.

Слични Објави