|

ЗИМСКА ПРИКАЗНА – ЈАВЕН ПОВИК ЗА УЧЕСТВО ВО ПРОГРАМАТА ЗА ДОЧЕК НА 2026 ГОДИНА

Општина Битола објави Јавен повик за учество во организација и реализација на културни и туристичко-промотивни активности во пресрет на новогодишните празници, со цел да се збогати празничната понуда и да се создаде магична атмосфера за дочекот на Новата 2026 година, под мотото „Зимска приказна“.



Повикот е наменет за домашни правни и физички лица кои делуваат во областа на културата и културниот туризам, а кои со своите идеи и настани можат да придонесат кон создавање уникатно празнично искуство во градот.

Апликантите треба да достават апликација и изјава за согласност (достапни во прилог на повикот), потпишани и со печат, најдоцна до истекот на рокот предвиден од општината. Документите може да се поднесат електронски на е-маил адреса: zimskaprikazna@bitola.gov.mk, или лично во архивата на Општина Битола, шалтер бр. 3, секој работен ден од 7:30 до 15:30 часот.

Изборот на настаните ќе го спроведе Комисија за селекција и евалуација формирана од градоначалникот на Битола, која ќе го утврди конечниот распоред на празничните активности.

Со овој јавен повик, Општина Битола ги повикува сите заинтересирани креативци, културни работници и организации да бидат дел од годинешната „Зимска приказна“, со која градот ќе ја пречека 2026 година во празничен дух и позитивна енергија.

Слични Објави