| |

Ќе се реставрира црквата  „Успение на Пресвета Богородица“ – Трескавец (видео)

Денес во посета на Прилеп беше министерот за култура и туризам Зоран Љутков. Тој ги посети храмот  Св. Благовештение, локалитет „Стибера“ и Манастирот „Трескавец“. Три исклучително важни  културно-историски споменици за Прилеп, па и Македонија.

Во манстирот се обновени конаците и монасите се веќе вратени, а во тек е реставрација на црквата Св.Богородица.

Реставрацијата на црквата се работи во соработка со НУ Завод и Mузеj – Прилеп, Европскиот центар за византиски и пост-византиски период, Завод и Музеј – Битола и градежениот факултет во Скопје.

2 100 000 денари се оделени за  зајакнување на носечката контрукција на иконастасот и конзервација и реставрација на резбата.  Активностите треба да завршат до крајот на годината.

Денес се одржа и состанок на министерот со директорката на НУЦК „Марко Цепенков“ на кој се направил план за оспособување на  двете сцени во Прилеп и пуштање на употреба до почетокот на годинешното издание на МТФ „Војдан Чернодрински“.

Слични Објави