Денес во 12:00 часот во Могила ќе се прикажува Црната сатирична комедија „Бардо Тодор“
Денес, сабота 01.06.2024 година со почеток во 12:00 часот пред општинската зграда во Могила ќе се прикажува Црната сатирична комедија „Бардо Тодор“, изготвена во продукција на „New Clаp“, а поддржана од Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“.
Автор на претставата е Сашо Кокаланов, а режисер – Сашо Миленковски.
Оваа црна комедија е наменета за возрасната публика.
Од Центарот „Еко-свест“ нагласија дека ваквиот тип на претстави се наменети да допрат до широката јавноста за потребата да се направат промени во однос на производството на електрична енергија на јаглен, што носи страшни последици врз здравјето на луѓето.