|

(видео) Продолжува TRANSACT, започнува „Центар за активно стареење“

Здружението Центар за развој и едукација – Прилеп, продолжува со имплементација на проектот TRANSAKT, кој се реализира со поддршка од Австриското федерално министерство за труд, социјални работи, здравство, грижа и заштита на потрошувачи.

Проектот е насочен кон подобрување на пристапот до здравствени и социјални услуги за ранливите категории граѓани, особено во руралните и потешко достапни средини. Преку теренска работа и директна поддршка во заедницата, се овозможува поголема грижа, помош и поддршка за лицата на кои тоа им е најпотребно.

Паралелно со ова, здружението започнува и со реализација на новиот проект „Центар за активно стареење“, чија цел е да создаде простор за дружење, едукација, психосоцијална поддршка и активно вклучување на повозрасните лица во општествениот живот. Објектот е веќе опремен и лиценциран. Првите корисници се очекуваат во Јуни.

Со овие иницијативи, Здружението Центар за развој и едукација продолжува да развива локални социјални сервиси и да вложува во проекти што придонесуваат за подобар и подостоинствен живот на граѓаните.

Слични Објави