Нова услуга наречена „Помош и нега во домот“
Оваа услуга ќе биде наменета за жителите на општините Долнени, Прилеп и Кривогаштани, а носител на лиценцата за давање на оваа социјална услуга е здружението „Центар за развој и едукација“.
Оваа услуга ќе ја обезбедуваат 40 негуватели за Кривигаштани, Долнени и Прилеп.
Се работи за новина на давање надлежности на граѓански организации, што е за поздравување. Тоа ќе доведе до зголемен капацитет за социјална заштита на локално ниво, а услугите за овие ранливи корисници ќе бидат поблиски, попрактични и можат да се развиваат и унапредуваат и понатаму.
Да им посакаме успех на инволвираните и ова да е прво од многуте идни случаи на дерегулација на функции во социјалната заштита, од централно на локално ниво.
Ова не е нималку лесна задача и не може да се извршува активно, без голема доза на трпеливост, хуманизам и висока посветеност. Затоа, да им посакаме и среќа и високо разбирање со другите институции, Министерството за труд и социјална политика и општинските раководства и администрација, а најмногу од граѓаните и корисниците на услугите.
Се надеваме дека овој „сигнал“ ќе го фати и бизнис заедницата и граѓанските организации, затоа што има „многу место“ за вакви обиди, кои воедно претставуваат и реформа на социјалниот систем на заштита.