|

Два инциденти со параглајдеристи кај Мечкин Камен



Кај Мечкин Камен во Крушево, вчера се случија два одделни инциденти со параглајдеристи, кои побараа итна интервенција од спасувачките служби.

Во првиот случај, параглајдерист при индивидуален самостоен лет, за време на обид за приземјување, се закачил на дрво високо околу пет метри и не можел безбедно да биде спуштен на земја. По инцидентот веднаш е воспоставена координација со Дирекцијата за заштита и спасување, која упати специјализиран тим за извлекување на спортистот.

Во вториот случај, исто така во близина на Мечкин Камен, друг параглајдерист паднал при лет и се здобил со тешки телесни повреди, со обилно крварење и состојба на бесознание, потврдено од присутната лекарска екипа. Поради сериозноста на повредите, побаран е итен медицински транспорт со хеликоптер до Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.

Центарот за управување со кризи, во координација со Министерството за внатрешни работи, го преусмери хеликоптерот „Бел 412“ кој моментално бил ангажиран на гаснење пожар во подрачјето Јасен.

Слични Објави