Основан првиот литературен круг во Крушево под името „Васил Иљоски“

Здружението за афирмација на култура, екологија и рурален туризам КУЛТУРЕН МАНИФЕСТ Крушево, како дел од своите долгорочни програмски активности, на 31 мај 2025 година го основа првиот литературен круг во Општина Крушево.

Литературниот круг ќе го носи името на еден од најголемите македонски драмски писатели и гордост на Крушево – Васил Иљоски.

Како составен дел на овој литературен круг ќе функционира и читателски клуб, чија активна мрежа ќе ги вклучи љубителите на книжевноста од Крушево, Битола и други градови од Македонија.

Основна цел на кружокот е афирмација на литературата, преку:

  • објавување на годишни трудови на членовите,
  • организирање на читателски и книжевни средби,
  • доделување признанија на реномирани автори и нови книжевни гласови,
  • поттикнување на љубовта кон пишаниот збор кај младите преку конкурси и други активности.

За прв претседател на литературниот круг е избран Валентин Тасески, кој ќе ја предводи оваа културна иницијатива кон нови хоризонти.

Со ова, Крушево добива уште една важна платформа за културна размена и книжевна инспирација, која го продолжува и чува духот на Васил Иљоски.

Слични Објави