(видео)„Серенада за Прилеп“ – Подарок од Блага, Дац и Александар

Со многу емоции, носталгија и љубов кон родниот град, денес премиерно беше промовирана песната „Серенада за Прилеп“, нов музички проект во изведба на Блага Петреска, Дрaган Спасов – Дац и Александар Митевски.

Песната носи силна носталгија за прилепското живеење, а спотот е разгледница за чаршијата, тутунот, корзото, мајтапот и спомените од младоста што генерации прилепчани ги чуваат во срцето.

Преку топлата мелодија и искрените стихови, „Серенада за Прилеп“ буди сеќавања на старите прилепски вечери, првите љубови и духот на градот кој со децении инспирира уметници, боеми и романтичари..

Слични Објави