Прилепчанката Агрипина Цакоска, најбрза на првиот автослалом годинава

Прилепчанката Агрипина Цакоска беше најбрза во класата „2 до 1400 кубици“ на првиот автослалом „Скопје 2026“, кој се одржа во Скопје, освојувајќи го првото место со време од 29.061 секунди зад воланот на Renault Clio.

Цакоска зад себе ја остави Весна Милановска со Opel Corsa, која задоцни 0.800 секунди, додека третото место му припадна на Сања Васик од AKK Fico 600 со Volkswagen Golf 5.

Пласман во класата „2 – 1400“:

  1. Агрипина Цакоска – Renault Clio – 29.061
  2. Весна Милановска – Opel Corsa – 29.861 (+0.800)
  3. Сања Васик – Volkswagen Golf 5 – 30.346 (+1.285)
  4. Ирена Атанасовска – Renault Clio – 30.882 (+1.821)
  5. Мартина Хаџи-Тоневска – Opel Corsa – 31.776 (+2.715)

Во останатите категории, најбрзи беа:

Во класата „1 до 1200“ кај жените, победата ја освои Олга Цуцулеска со Toyota Aygo и време од 27.127 секунди.

Кај мажите во класата „2 до 1400“, најдобар беше Љупчо Наков со Honda Jazz, кој патеката ја извози за 28.983 секунди.

Во класата „3 до 1600“ кај мажите триумфираше Стефан Петрушевски со Honda Civic со најдобро време во конкуренција од 26.214 секунди, додека кај жените првото место го освои Сандра Кизова со Kia Ceed.

Во најсилната категорија „4 над 1600“, кај мажите најбрз беше Стефан Тренески со Honda Civic Type R, а кај жените победата ја однесе Ивона Ончевска од AKK Fico 600 со Fiat 500 Abarth и време од 27.081 секунди.

Автослаломот во Скопје го означи стартот на новата сезона во автомобилизам во Македонија, со учество на десетици натпреварувачи од повеќе градови низ државата

Слични Објави