| | |

ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР СО ПОВИК ДО ГРАЃАНИТЕ

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПРЕДЛОЗИ ЗА ПРЕДЛОГ-ПРОГРАМИТЕ И ПРЕДЛОГ – БУЏЕТОТ НА ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР ЗА 2025 ГОДИНА

Врз основа на Процедурата за вклучување на граѓаните во процесите на донесување на одлуки во Општина Демир Хисар, Процедурата за планирање, изработка, донесување и реализација на годишните оперативни програми на Општина Демир Хисар како и Постапката за планирање и донесување на буџет на Општина Демир Хисар, Градоначалникот на Општина Демир Хисар објавува јавен повик до граѓаните, здруженијата, месните заедници, јавните институции и организации за прибирање на предлози кои општината треба да ги има во предвид при изработката на предлог-програмите за работа и предлог-буџетот на Општина Демир Хисар за 2025 година.

Предлозите може да се доставуваат до архивата на Општина Демир Хисар или по електронски пат преку интернет страницата на Општина Демир Хисар https://demirhisar.gov.mk/uslugi/predlozi-na-graganite/.

Рок за доставување на предлозите е 10 декември 2024 година.

Слични Објави