Цените на горивата се зголемуваат од полноќ
Со одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, од вечерва на полноќ, цените на горивата во Македонија ќе бележат раст.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), ќе се зголемат за 1,00 денар по литар. Цената на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе порасне за 1,50 денари по литар и ќе достигне 72,00 денари за литар. Исто така, цената на мазутот М-1 НС ќе се зголеми за 1,029 денари по килограм, со што новата цена ќе биде 44,737 денари за килограм.
Од 26. ноември 2024 година, максималните малопродажни цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
- ЕУРОСУПЕР БС-95 – 77,00 ден/литар
- ЕУРОСУПЕР БС-98 – 79,00 ден/литар
- ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 72,00 ден/литар
- Екстра лесно масло 1 (ЕЛ-1) – 70,50 ден/литар
- Мазут М-1 НС – 44,737 ден/кг
Решението на Регулаторната комисија следи по последните движења на пазарот на нафтени деривати и се применува од полноќ.