„РОДИ БАБО ДЕТЕ“ ВЕЌЕ НЕ Е ВИЦ – МЕДИЦИНАТА ПРАВИ ЧУДА
61-годишна жена го роди своето прво дете во Скопје: Историски момент на Гинеколошката клиника
61-годишна жена го роди своето прво дете на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје, станувајќи најстарата жена која го постигнала овој подвиг во Македонија. Детето е зачнато преку ин витро оплодување.
Во ретка и значајна медицинска постапка, 61. годишна жена, го роди своето прво дете на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје. Оваа жена е најстарата која го постигнала овој подвиг во Македонија. Настанот привлече големо внимание, бидејќи детето е зачнато со помош на ин витро оплодување – Изјави директорката Ирена Алексиовска Папестиев,
Мајката и новороденчето се во стабилна здравствена состојба, а медицинскиот тим е заслужен за ова значајно постигнување.