|

ООУ „Блаже Конески“ – Прилеп го одбележа патрониот празник

Во Основното општинско училиште „Блаже Конески“ во Прилеп свечено беше одбележан патрониот празник, посветен на 104-годишнината од раѓањето на големиот македонски поет, научник и кодификатор на македонскиот литературен јазик, Блаже Конески.



По тој повод, учениците и наставниот кадар подготвија пригодна програма со рецитации, музички и драмски изведби, преку кои беше истакнато значењето и трајното влијание на Блаже Конески врз македонскиот јазик, култура и национален идентитет.

На настанот присуствуваа претставници на Општина Прилеп, раководството на училиштето, наставници, ученици, родители и гости. Присутните ја истакнаа важноста од негување на македонскиот јазик, образованието и културните вредности кај младите генерации.

Слични Објави