|

Реализација на капитални проекти преку Општинска Обврзница

Општина Прилеп ќе ги резализира капиталните проекти преку општинска обврзница, вредноста односно задолжувањето ќе биде 5 000 000 евра.

На денешната јавната трибина пред големиот број присутни граѓани, советници и стопанственици во салата во Општина Прилеп, беа презентирани проекти од капитално значење кои би се реализирале во општина Прилеп.

Во изјавата Градоначалникот Борче Јовчески ги информира граѓаните за обрзницата и причините зошто општината се решава на овај начин да ги реализира зацртаните проекти.

„Ова не е прва јавна презентација, имавме презентација на дел од овие проекти пред претставниците на урбаните заедници и сите граѓани кои што сакаа да присуствуваат уште пред неколку месеци.

Начинот можеби е нешто што за прв пат би се реализирало во нашата општина но не сме ниту прва ниту единствена општина во Република Македонија која што размислува на ваков начин да работи, единствено со намера за забрзан локален економски развој на нашата општина и реализација на значајни проекти. Сакам да посочам дека оваа јавна трибина и презентација беше со цел да им прикажиме на нашите сограѓани и стопанственици дека од суштинско значење за нашиот град се овие проекти со кои што планираме да го подобриме и олесниме животот во Општина Прилеп и да придонесеме заедно за поголем економски развој на Прилеп.

Оваа 2023 година како и наредните години од нашиот мандат, ќе бидат целосно насочени кон реализација на програмата и враќање на Прилеп таму каде што му е местото, како една од најдобрите општини во Република Македонија.“

Бранко Нешкоски, раководител на секторот за урбанизам во ЛС Прилеп, ги презентира четирите капитални проекти: „Кружен тек во градот во месноста Табана; Целосна инфраструктура на улицата „Победа“ кај Типската населба; Инфраструктурно уредување на влезот Прилеп- Македонски Брод и поставување фотоволтаични панели на сите основни и средни училишта.“

Слични Објави