Ордан Михајлоски ( Оцка 1921 – 03 мај 1942 )
Денес се одбележаа 83 години од загинувањето на македонскиот херој, виолинист и борец од Народноослободителната војна – Ордан Михајлоски – Оцка. Основното музичко училиште од Прилеп што го носи неговото име го прослави својот патрон празник, чествувајќи го ликот и делото на овој исклучителен млад човек, кој животот го положи за слободата на татковината.
