Вечерва се отвора „Зимска бајка“ во Крушево
Со музика, светлина и празнична атмосфера, вечерва во Крушево ќе биде отворена манифестацијата „Зимска бајка“.
Настанот започнува во 18:00 часот со музичко-сценска изведба, по што ќе следува свечено осветлување на крушевската чаршија и отворање на Новогодишниот базар.
Од 20:00 часот, посетителите ќе имаат можност да уживаат во ексклузивен музички настап на групата „Балкан Џем“.
Сите содржини ќе се одржат во Градскиот парк во Крушево. Организаторите ги покануваат граѓаните и посетителите заеднички да го одбележат почетокот на зимските празнувања и да бидат дел од празничната магија во градот.




