„Изложба „Ченто – биографија низ фотографија“
Сношти во меморијалниот музеј „11 октомври 1941“ (Участок) беше поставена Изложбата „Ченто – биографија низ фотографија“.
Изложбата ќе биде поставена од 24 до 26 јули 2024 година.
„Изложбата „Ченто – биографија низ фотографија“ во изминатиот период беше поставена во 25 градови во Македонија, а интересот за истата не стивнува, со цел да допре и до прилепската јавност е поставена и пред меморијалниот музеј „11 октомври 1941“, местото од каде прилепските борци го започнале народното востание на македонскиот народ, преку кое е стекната државноста на Македонија, за која Ченто се бореше и ништо не можеше да го спречи во истрајноста да се дојди до целта.“ истакна Рубинчо Белчески, кустос советник во НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј Прилеп .
Изложбата ја посети и Марија ќерката на Методија Андонов – Ченто.