ПО ПОВОД 11 ОКТОМВРИ, ВЕЧЕР СО РОДОЉУБИВА ПОЕЗИЈА
Денес 09.10, со почеток во 18:00 часот достоинствено ќе со одбележи Денот на народното востание, со најсовременото оружје, моќта на зборот.
По повод „11 Октомври“, ЈОУ Градска библиотека „Борка Талески“ – Прилеп и Клубот на литературни творци од градот, организираат „Вечер со родољубива поезија“.
Историчарот Горјан Василевски ќе има свое излагање посветено на делото на хероите од НОБ, на нашите сограѓани, храбри борци, кои ја започнаа битката за слобода од фашистичкиот непријател!
Потоа ќе уживаме во избор стихови од членовите на Клубот на литературни творци од градот.
Настанот ќе го модерира Филип Димкоски.