Настан – Децентрализација на социјалните услуги
МРЕЖАТА НА ЛАГОВИ, ЛАГ АГРО ЛИДЕР и ЛАГ ВАРДАР ЛЕАДЕР на 23ти јуни (петок) во ресторан Лаки Прилеп, беа домаќини на завршната конференција “Децентрализација на социјалните услуги”. ПРОЕКТ “eHELP: ПОДОБРУВАЊЕ НА ПРИСТАПОТ ДО СОЦИЈАЛНИ УСЛУГИ ПРЕКУ ДИГИТАЛИЗАЦИЈА И ВМРЕЖУВАЊЕ”
На настанот претставници на јавни институции и граѓански организации имаа можност да ги видат и служнат резултатите и достигнувањата во рамките на проектот еHELP- ПОДОБРУВАЊЕ НА ПРИСТАПОТ ДО СОЦИЈАЛНИ УСЛУГИ ПРЕКУ ДИГИТАЛИЗАЦИЈА И ВМРЕЖУВАЊЕ спроведуван во партнерство со Австриските организации Verein LAG Regionalmanagement regio3, Dachverein zur Regionalentwicklung Fuschlseeregion – Mondseeland (FUMO) и Regionalentwicklungsagentur Zeitkultur Oststeirisches Kernland, со финансиска поддршка од Австриското Федерално Министерство за социјални работи, здравство, нега и заштита на потрошувачи.
На настанот присутните ги поздрави г-н Харалд Фугер, Аташе на Австриското Министерство за социјални работи, здравство, нега и заштита на потрошувачи во РС Македонија.
Обраќање имаше и Стефан Ниедермозер– Координатор на проектот.
За улогата на центрите за социјална работа во децентрализацијата на социјални услуги говореше Дејан Тошески –Директор на ЈУМЦСР – Прилеп, додека за значењето на општинските планови за социјална заштита говореше Марјан Матракоски од општина Прилеп.
Марина Тошеска, Драгана Јосифоска, Џулијана Куковска, Александра Стеваноска ги начнаа темите за: Партнерство за развој на услугата помош и нега во домот, придонесот на граѓанските организации за развој и унапредување на социјалните услуги и подобрување на програмите за детска заштита во предшколска возраст (ЕЕЦЕМЕ)
Присутните на крајот од настанот имаа можност да дискутираат, споделат свои искуства а секако и приликите за вмрежување се со цел развој и унапредување на социјалните услуги на локално ниво, насока на создавање на еднакви можности, инклузивност и социјална правда.