|

Одржана 43-та седница на Советот на Општина Прилеп

Според закон Општините треба пред секоја седница, најмалку еден ден пред одржувањето, да објават ДНЕВЕН РЕД по кој ќе се води седницата со цел учество на граѓани и медиуми. Седниците на Советот се отворени за граѓаните.

Апелираме општините да работат според закон !

Во продоление споделуваме информација објавена на ФБ страната од општината после завршената 43-та седница на Советот на Општина Прилеп.

„На дневниот ред на денешната Седница на Советот на Општина Прилеп се најде предлог-кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Прилеп, за првиот квартал од 2024 година, кој беше усвоен од мнозинството советници.

  • Советот даде согласност на тримесечниот извештај за финансиското работење на ЈКП ,,Комуналец”-Прилеп, за период од 01.01.2024 година до 31.03.2024 година, а беше усвоена и Годишната сметка и извештајот за работењето на Јавното претпријатие за енергетика ЕНЕРГО ПРИЛЕП-Прилеп, за 2023 година, кој моментално нема директор.
  • Советниците на оваа 43-та седница дадоа согласност и на тримесечниот извештај за финансиското работење на ЈОУ Дом за стари лица ,,Киро Крстески-Платник’’-Прилеп, за период од 01.01.2024 година до 31.03.2024 година и согласност за одлуката за утврдување на вредноста на бодот за пресметување на платите на директорот и вработените во ЈОУ Дом за стари лица ,,Киро Крстески-Платник’’-Прилеп.
  • Предлог-Одлуката за донесување на Детален Урбанистички План за блок 5.4.9 утврден со регулациски план за ГУП на Град Прилеп за четврт 5, блок 5.4, Општина Прилеп, плански период 2022-2027, исто така беше усвоена од светниците како последна точка од дневниот ред.“
  • Насловна фотографија – Општина Прилеп

Слични Објави