Владиката Григориј ќе одржи предавање за рамнотежата меѓу задоволството и болката
Во организација на Друштвото за наука и уметност (ДНУ) од Прилеп, на 22 април 2026 година (среда), во просториите на градската библиотека „Борка Талески“ во Прилеп, со почеток во 17:00 часот, ќе се одржи предавање на владиката Кумановско-Осоговски, г. Григориј, кој е и член на Друштвото.
Предавањето е на тема: „Борбата за доминација помеѓу максимизирање на задоволството и минимизирање на болката. Деституција на ентитетот, за сметка на личните придобивки – систем без тенденција кон рамнотежа.“


