|

ЕДУКАЦИЈА И ОБУКИ ЗА ЗАЈАКНУВАЊЕ НА СИСТЕМОТ ЗА ПРОТИВПОЖАРНА ЗАШТИТА НА ПЕЛАГОНИСКИОТ РЕГИОН

На 11-ти и 12-ти Септември на локации во близина на селата Братиндол и Ротино во Битола се одржаа двe тренинг – показни вежби на тема: Оперативен менаџмент на шумски пожари, наменети за шумските ренџери и противпожарните единици од Пелагонискиот регион.

Тренинзите се дел од активностите на проектот ПРЕВЕНЦИЈА И УПРАВУВАЊЕ СО ПРЕКУГРАНИЧНИ КОМПЛЕКСНИ ПОПЛАВИ И ШУМСКИ ПОЖАРИ – SOLVE кој Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион го имплементира во рамките на Програмата за прекугранична соработка со Грција 2014-2020 година која е дел од Инструментот за претпристaпна помош на Европската Унија.

Главната цел на проектот е: Да се минимизираат ризиците од шумски пожари (урбани и диви) и поплави во регионот на начин на кој што може да се реплицира и во други региони.

Преку проект набавена е и противпожарна опрема за територијалните противпожарни единици на Битола, Прилеп, Ресен, Крушево и Демир Хисар.

На тренинзите учество зедоа претставници на сите територијални противпожарни единици од регионот како и претставници од Националниот парк Пелистер.

Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион ги имлементираше овие активности во координација со Националниот Парк Пелистер , ЦУК, ДЗС и сите останати релевантни чинители во областа на противпожарна заштита во регионот

Слични Објави