Пролетно утро со снежна покривка на “Пелистер” – магија меѓу моликите
Иако календарски веќе сме во пролет, Национален парк Пелистер утрово беше под снежна покривка, создавајќи несекојдневна и волшебна глетка.
Белото покривало нежно се спушти врз густата шума од македонски бор – молика, давајќи ѝ нов лик на планината. Контрастот помеѓу пролетната свежина и зимската белина ја претвори шумата во природна разгледница, ретка и нескромна по убавина.
Пелистер уште еднаш покажа дека природата секогаш знае да изненади – дури и кога мислиме дека зимата одамна си заминала. За љубителите на планината и фотографијата, ова утро беше вистинска инспирација и потсетник дека убавината е најсилна токму во својата непредвидливост.


