|

За вршење на експлоатација на минерални суровини за периодот 2018 – 2022 година, наплатени се само 45 милиони евра

Државниот завод за ревизија изврши ревизија на успешност на тема “Ефикасност на постапките за доделување на правото за вршење на експлоатација на минерални суровини и реализација на склучените договори, со посебен осврт на мермерот“.

Државниот завод за ревизија согласно Годишната програма за работа за 2023 година изврши ревизија на успешност на тема “Ефикасност на постапките за доделување на правото за вршење на експлоатација на минерални суровини и реализација на склучените договори, со посебен осврт на мермерот“со цел да се даде одговор на прашањето: „Дали политиките и преземените мерки и активности од надлежните органи обезбедуваат сигурност за ефикасно доделување на концесии и надзор над реализацијата на склучените договори за експлоатација на минерални суровини со цел да се обезбеди нивна оптимална искористеност?“ Со ревизијата на успешност опфатени се прашања поврзани со: – Системот за управување со процесот на доделување и одземање на правото за експлоатација на минерални суровини; – Концесиските надоместоци и – Надзорот над експлоатацијата на минерални суровини согласно склучените договори и издадени дозволи.

Минералните суровини се добра од општ интерес кои се главен ресурс за вкупниот економски и општествен развој на секоја национална кономија. Со искористувањето на минералните суровини неопходно e да се обезбеди нивна оптимална искористеност во согласност со начелата на одржлив развој и заштита на животната средина. Вршење на експлоатација на минералните суровини се стекнува (концесионер) со добивање на концесија која ја доделува Владата (концедент) согласно утврдени
постапки. За експлоатација на минерални суровини заклучно со 2022 година се доделени вкупно 348 концесии на 257 концесионери , на вкупна површина од 333,73 км2 , што претставува 1,3% од вкупната територија на државата , од кои за
експлoатација на мермер се доделени 29 концесии .
Концесионерот кој што врши експлоатација на минерални суровини е должен да плаќа: годишен надоместок за користење на просторот и надоместок за експлоатирана (продадена) количина на минерална суровина , предмет на концесијата. Средствата се уплатуваат на соодветна уплатна сметка во рамките на трезорската сметка и се 22% приход на Буџетот на Република Северна
Македонија и 78% приход на буџетот на општината на чие подрачје се врши концесиската дејност .

За вршење на експлоатација на минерални суровини за периодот 2018 – 2022 година, наплатени се вкупно 2.781.024 илјади денари (околу 45 милиони евра ) концесиски надоместоци од кои: 287.307 илјади денари (околу 4,6 милиони евра )
надоместок за користење на простор, 2.487.581 илјади денари (околу 40,2 милиони) евра надоместок за експлоатирана количина на минерална суровина и 6.136 илјади денари по основ на камата по двата основи. Со извршената ревизија и обезбедените докази стекнавме разумно уверување дека мерките и активностите кои се преземаат од страна на надлежните институции не обезбедуваат целосна подготвеност и сигурност за остварување на оптимална искористеност на минералните суровини, сеопфатна и навремена аплата на концесиските надоместоци и ефикасен систем на надзор над
реализацијата на склучените договори. Со извршената ревизија ревизорите утврдиле:
 На национално ниво не е донесена долгорочна стратегија за оптимално искористување и управување со минералните суровини повеќе од 11 години, а активностите за нејзино изготвување се започнати во 2022 година, со рок на донесување до април 2024 година….

➡Линк до Конечен ревизорски извештај: https://dzr.mk/…/08_RUS_Efikasnost_postapki_dodeluvanje…

Слични Објави